Речиси 90 отсто од такси возилата во Норвешка се е-автомобили

Од сите нови такси возила регистрирани во Норвешка во 2023 година, 88 отсто биле електрични…

Тоа значи дека уделот на е-таксито бил нешто поголем од 82,4 отсто од сите регистрации на нови автомобили.

Девет од десет нови такси возила купени во Норвешка минатата година биле електрични, а во Берген и Ставангер сите нови такси се електрични, пренесува порталот за автомобили Electrive.

Во Трондхајм уделот на новите електрични такси беше 97 отсто, додека во главниот град Осло 90 отсто, покажуваат податоците на норвешката управа за јавни патишта.

Инаку, Хамбург беше првиот германски град кој започна офанзива за е-такси. Од 2025 година таму ќе бидат лиценцирани само електрични такси автомобиле.

Причината зошто има се повеќе EV такси е тоа што многу окружни администрации поставија рокови дека тие мора да бидат електрични.

Некои претставници на таксистите се загрижени за достапноста на доволен капацитет за полнење.

Убедливо најпродаван модел беше Tesla Model Y, кој забележа 1.366 нови регистрации во Норвешка во декември и 23.085 за целата година.





НАЈНОВИ