По европската сертификација, Tesla официјално го лансираше моделот Y Long Range RWD со погон на задните тркала со автономија од 600 km…
Новата верзија на Model Y ветува најниска цена по километар во сегментот на електрични SUV модели, од 14,9 kWh на 100 km.
Новата варијанта на Tesla Model Y веќе е на производна линија во фабриката во Берлин. При тоа експертите коментираат дека проценето време на испорака до финалните потрошувачи се движи некаде од 2 до 4 недели.
Tesla потврди дека Model Y Long Range RWD е сертифициран за домет од 600 km кога е опремен со 19-инчни тркала Gemini.
Автомобилот забрзува до 100 km/h за 5,9 секунди и може да достигне максимална брзина од 217 km/h.
Цените за Model Y Long Range RWD започнуваат од 48.990 евра во Германија.
За споредба, Model Y Long Range AWD (со погон на четири тркала) се продава во Германија за 54.990 евра.