Новиот целосно електричен Stelvio ќе биде следниот Quadrifoglio модел на Alfa

Следниот модел на Alfa Romeo што ќе ја носи ознаката Quadrifoglio ќе биде новиот Stelvio, целосно електричен SUV, чиј датум на претставување е планиран за летото наредната 2025 година…

Шефот на Alfa, Жан-Филип Импарато (Jean-Philippe Imparato), откри уште во 2022 година дека големата побарувачка на клиентите за Tonale со високи перформанси може да ја убеди Alfa Romeo да размисли за лансирање на таков модел.

Зборувајќи оваа недела на претставувањето на целосно новиот мал теренец Milano, Импарато откри дека таквата идеја е отфрлена.

Мислам дека идејата беше да се најде решение за да можам да вградам 400 КС во внатрешноста на Tonale“, изјави Импарато. „Не го најдов тоа решение, ниту по разумна цена, ниту на разумно ниво на емисија на CO2. Затоа што ако сакате да регистрирате автомобил со емисија на CO2 повисоки од 200 g/km во Франција денес, треба да платите огромни суми на пари, кој луд ќе купи? A и  колку такви луѓе има?

„Значи, Tonale нема да биде Quadrifoglio, ниту ќе има 400 КС. Следниот Quadrifoglio, со право можеме да кажеме, ќе биде (следниот) Stelvio“. Stelvio е следниот чекор во планот на Alfa да лансира нов модел секоја година до 2027 година. Ќе се појави во летото 2025 година, претставувајќи ја платформата STLA Large, а ќе се произведува во Италија.

Според Autonet, Императо откри дека моменталната моќност на изведбената (производствена) верзија на водечкиот модел Quadrifoglio е 941 КС. „Тоа е моменталната бројка“, рече тој. „Ако можеме да постигнеме 1.000 КС, тогаш ќе го направиме тоа, но не сум апсолутно сигурен дека тоа е првиот приоритет на компанијата или на клиентите.

„Мојот најголем приоритет е да обезбедам целосно „заменливо“ искуство во споредба со моторите со внатрешно согорување. Тоа значи дека возите, застанувате, наполнувате, пиете кафе, одите во тоалет, збогум. Ако треба да чекате два часа за да го наполните автомобилот, сè е уништено Ако треба да возите 130 km/h, додека Fiat Panda ве претекнуваат или моторните камп – куќички минуваат побрзо од вас, целото искуство е уништено.

Новиот Alfa Romeo Stelvio се очекува да го користи капацитетот од 800 V на платформата STLA Large за да овозможи ултра брзо полнење до 270 kW – и ќе има батерија која, барем во поскромните верзии, може да го придвижува возилото повеќе од 700 км помеѓу полнењата.





НАЈНОВИ