Обновениот Volkswagen Golf 8 официјално започна со производство

Сериското производство на редизајнираниот модел на Volkswagen Golf 8 започна во Волфсбург…

Првиот автомобил од технички и визуелно обновениот модел на Volkswagen Golf 8, кој излезе од производната лента во салата 12 на 12 април, беше Golf Style во Anemone сина металик боја. За Германците ова е голема работа, бидејќи пред 50 години своето патување го започна првиот сериски Golf направен во Волфсбург.

„Golf е во срцето на брендот Volkswagen веќе половина век, нудејќи пристапна мобилност за секого на највисоко техничко ниво. Volkswagen Golf постојано се прилагодувал на потребите на клиентите и на тој начин стана глобален бестселер – произведен во Волфсбург. Токму тоа го градиме со новата еволутивна фаза – со уште поголема ефикасност, удобност и квалитет и нов работен концепт. Golf не може да биде подобар од ова“, изјави Томас Шефер (Thomas Schäfer), извршен директор на Volkswagen Passenger Cars.

Во текот на изминатите пет децении, главната фабрика на Volkswagen во Волфсбург стана на некој начин „душата“ на глобалното производство на Golf: повеќе од половина од над 37 милиони модели на овој крал од компактната класа продадени до денес – во просек 400.000 единици годишно – се прават во главната фабрика. Ова го вклучува „класичниот“ Golf, кој сега е во својата осма генерација, со различни верзии како што се Volkswagen Golf Variant и Golf Sportsvan, и широк спектар на модели и погонски единици.

Најголемата фабрика за производство на автомобили на Volkswagen Group имаше уште една причина за славење оваа недела. Само неколку дена пред почетокот на производството на новиот Golf, фабриката го прослави 48-милионитото возило што излезе од производната лента; ниту една друга фабрика за автомобили во светот не произвела речиси толку возила како фабриката во Волфсбург. Малку е да се каже дека славеничкиот (јубилејен) модел беше Golf. Моделот во Urano Grey боја веќе е на пат до клиент во Обединетото Кралство. „48 милиони е импресивна бројка што никогаш не би била возможна без мотивирана и квалификувана работна сила“, рече Јирген Махнкопф (Jürgen Mahnkopf), заменик-претседател на општиот и групниот совет на работниците. „Нашите вработени го вложија своето срце и душа во секое возило изградено овде во изминатите 50 години.

Со производство од околу 20 милиони возила, Golf е моделот што најмногу се произведува во фабриката. Второто место го зазема Beetle, со речиси 12 милиони примероци произведени во Волфсбург помеѓу 1945 и 1975 година. Tiguan сега го зазема третото место, со нешто помалку од 3,5 милиони модели исфрлени од производните линии од почетокот на производството во 2007 година.  Го претекна Polo, кој со производство на повеќе од три милиони единици во 1975 година е веднаш зад Tiguan. „Врската помеѓу Golf и фабриката во Волфсбург е сосема уникатна: Волфсбург е Golf – а Golf е Волфсбург“, рекол шефот на фабриката Рајнер Фесел (Rainer Fessel). Во тааа конотација тој кажал- „Како тим внимателно го планиравме почетокот на производството во изминатите недели и месеци. Сега сме среќни што наскоро ќе го видиме новиот Golf на патиштата“.

 





НАЈНОВИ