Кина се надева дека ЕУ ќе ја преиспита својата одлука да воведе царини за електричните возила

Пекинг се надева дека ЕУ ќе ја преиспита својата одлука да воведе царини за кинеските електрични возила и ќе го смени потегот во „погрешна насока“ во заштитата на својата автомобилска индустрија од конкуренција, според кинеската државна новинска агенција Ксинхуа (Sinhua)…

Според европските агенции за информирање, реакцијата на Кина и другите вклучени во спорот, вклучително и европските и кинеските производители на автомобили, укажува на јасно противење на одлуката на ЕУ и желба за де-ескалација на ситуацијата.

Кина соопшти дека ќе преземе мерки за заштита на своите интереси откако Европската комисија објави дека од јули ќе воведе дополнителни царини до 38,1 отсто на увезените кинески електрични автомобили.

„Со оглед на нивните економски структури и огромната големина, најдобро е за Кина и ЕУ кога тие се обединети за главните економски и трговски прашања“, се вели во коментарот на Ксинхуа.

Во текстот се додава дека кинеската страна „се надева дека ЕУ сериозно ќе ја преиспита својата одлука и ќе престане да се движи во погрешна насока“.

Пекинг ги отфрли аргументите на ЕУ и САД дека кинеската индустрија за електрични возила им се заканува на странските производители на автомобили преку субвенциониран извоз.

Кина верува дека тарифите ќе го забават ширењето на електричните возила, ќе ги загрозат целите за климатските промени и ќе ги зголемат трошоците за потрошувачите.





НАЈНОВИ