Од Hispano Suiza и претходно објавија дека во јуни оваа 2024 година ќе ја прослави својата 120-годишнина со откривање на нов хипер автомобил, што сега и се случи…
Станува збор за електричниот Hispano Suiza Carmen Sagrera (именуван по квартот „La Sagrera“ во Барселона), кој всушност и е „еволуција“ на моделот Carmen.
Сепак, Carmen Sagrera нема да го замени тој автомобил бидејќи компанијата вели дека ќе ја комплетира нивната гама, како и приклучување на Carmen со моќ од 1020 КС и Carmen Boulogne со моќ од 1115 КС.
Електричниот Hispano Suiza Carmen Sagrera има четири електромотори со вкупна моќност од 820 kW/1115 КС и 1160 Nm максимален вртежен момент, при што овој автомобил тежок 1875 kg, што е мора да се признае е сосема пристојна маса за електриична изведба со четири електромотори и пакет на батерии.
Перформансите се фантастични. Забрзува од 0, до 100 km/h за само 2,6 секунди.
Што се однесува до автономијата, Carmen Sagrera со батерија со капацитет од 103 kWh има домет од 480 km мерени според стандардот WLTP.
Но, Hispano Suiza, исто така, посочува „важна еволуција во однос на аеродинамиката“, како и дека „ Sagrera е создадена за да ја одржи легендата во живот, подигајќи ги перформансите, спортскиот стил и страста за луксуз на сосема ново ниво“.
Треба да се спомене и големото задно крило направено од карбонски влакна, кое исто така има златни акценти на профилот, карбон-керамички сопирачки, надворешната боја наречена Cava Gold и внатрешноста, која претрпе помалку драстична промена кои што главно се вртат околу ре – дизајнираната централна конзола, потоа околу подобрениот информативно забавен систем и во уште повеќе имплементација на Алкантара, за да се создаде уште поголем степен на ексклузивен и уште повисоко ниво на благороден впечаток.
Извршниот директор на Hispano Suiza, Серхио Мартинез Кампос (Serhio Martinez Kampos), во прилог на сето погоре наведено додава дека автомобилот „ги поставува темелите за дизајнерската линија што марката ќе ја следи во наредните години“. Carmen Sagrera е тука да продолжи да ги исполнува желбите на нашите клиенти: тие од нас побараа ваков автомобил и да продолжиме да бидеме единствени“, заклучува тој на крајот.
Инаку, серијата е ограничена на само 24 примероци (при што е и потврдена од претходно најавената цена по единица што изнесува „само“ 2,5 милиони евра, се разбира, без данокот и останатите давачки).
На крајот во оваа информација треба да се наведе и дека Carmen Sagrera ќе има динамично претставување во живо пред публиката на Гудвуд фестивалот на брзината (Goodwood festival of speed) во средината на јули оваа 2024 година.