Крај за Jaguar F-Type

Последниот Jaguar F-Type излезе од производствената линија во фабриката Castle Bromwich, пред транзицијата на марката во луксузен производител на електрични автомобили…

Последниот F-Type беше склопен точно 50 години по последниот Jaguar E-Type, со спецификации кои се однесуваат на неговиот предок – Giola Green кабриолет со кафена кожна внатрешност и црн покрив.

Последниот примерок ќе се приклучи на колекцијата на Jaguar Daimler Heritage во Gaydon, заедно со последните модели XE, XF и SF Sportbrake.

F-Type ќе остане достапен за клиентите додека се на залиха, што треба да трае до почетокот на следната 2025 година.

Произведени се вкупно 87.731 примероци од овој спортски автомобил, околу 15.000 повеќе од E-Type.

Крајот на производството на F-Type, XE и XF во Castle Bromwich значи дека Jaguar во моментов е само SUV бренд.

Производството на моделот F-Pace продолжува во Солихал, додека моделите E-Pace и I-Pace ќе продолжат да се склопуваат во Грац, Австрија до следната 2025 година.





НАЈНОВИ