Заедно со неодамна фејс- лифтираниот B4 GT, BMW Alpina го прикажува фејс лифтираниот D4 S кој исто така го следи феј слифтот на Gran Coupe од Series 4…
Моќниот дизел на официјалните слики е прикажан во класичната зелена боја на Alpina, но вниманието го привлекуваат и новите предни и задни светла кои на Alpina D4 S и даваат значително променет изглед.
Потентниот со шест цилиндри дизел мотор испорачува моќност од 355 КС и нуди максимален вртежен момент од 730 Nm.
Перформасите се исто така врвни: BMW Alpina D4 S забрзува од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди, до 200 km/h за 19,1 секунди и може да достигне максимална брзина од 270 km/h.
Во внатрешноста, Alpina D4 S ги користи истите ажурирања како и сите други модели на фејс лифт, вклучувајќи го воланот од новата генерација и спортските седишта (тука со логото Alpina на потпирачите за глава).
Автомобилот има и изменета суспензија и надградено управување, како и 20-инчни тркала и странична Alpina графика, со што се комплетира визуелниот впечаток.
Конечно, цените за ревидираниот BMW Alpina D4 S на пазарот во Германија започнуваат од 86.400 евра.
Навистина солено но за тие што сакаат да се издвојуваат од останатите сопственици на автомобилите на баварската марка и не е којзнае колку голема сума.