Кинескиот Nio најави и за Европа електричен SUV модел со три реда седишта EL8 (во Кина како Nio ES8)…
Должината на возилото е 5099 mm, ширина 2199 mm (со ретровизори), висина 1750 mm, додека растојанието помеѓу оските изнесува 3070 mm.
Тркалата се со големини од 20 до 22 инчи, а коефициентот на отпор на воздухот е К- 0,25.
Внатре има место за шест патници, а опремата вклучува кожа, фурнирски влошки, панорамски подвижен покрив, 10,2-инчен дигитален дисплеј на инструменти, 12,8-инчен медиумски систем, head-up дисплеј и аудио систем од 1.000 вати.
Овцој crossover е претставен во верзија со два електромотори и погон на четири тркала. На предната оска има електричен мотор со моќ од 245 КС, а на задната од 408 КС. Вкупно обезбедуваат моќност од 653 КС и 850 Nm максимален вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4,1 секунди.
Во зависност од батериите (75 или 100 kWh), опсегот со едно полнење на истата е 465 или 605 km, соодветно.
Верзија со батерии од 150 kWh и домет од 900 километри се нуди и во Кина, но таков пакет најверојатно нема да стигне на европскиот пазар.
EL8 во Германија ќе чини 82.900 евра, а освен во Германија првично ќе се продава и во Данска, Норвешка, Шведска и Холандија.