Полицаец запрел робот такси што возел во спротивна насока

Колку б ил збунет покажува у реторички од него поставеното прашање „Кому да напишам казна?…

Самостојно управувачките, автономни возила сè уште се новитет на патиштата и речиси секој ден има надреални сцени во сообраќајот.

Последниот пример доаѓа од Америка, каде самостојно возечкото такси Waymo залутало во спротивна насока, а кога полицијата го запрела се случило очекуваното. Зад воланот немаше никој.

На снимката од местото на настанот се гледа како полицаецот излегува од својот автомобил и се приближува до самостојно возечкиот Jaguar за да открие дека никој не се наоѓа зад воланот. Како и да е, прозорецот од страната на возачот сè уште се спуштал како возачот да е во кабината, но службеникот тогаш можел да разговара само со службата за корисници или со операторот за поддршка преку теле – комуникациската технологија во автомобилот.

По неколку минути борба, полицаецот конечно се откажа од казната.

Waymo, компанијата која управува со ова роботско такси, првично одби да разговара за инцидентот кога им пријдоа новинари, но кога тие рекоа дека дефинитивно ќе ја објават приказната, компанијата попушти, пренесува Carscoops.

Тие тврдат дека нивното возило наишло на „неконзистентни сообраќајни знаци“ и дека „системот за навигација бил блокиран околу 30 секунди“.





НАЈНОВИ