Надградени Toyota GR86 & GR86 RZ Green Ridge Green Limited

Toyota подготви суптилно освежено купе GR86 за јапонскиот пазар и за моделската 2025 година, со јасен фокус на она што навистина е важно за ентузијастите – управувањето…

Јапонската компанија тврди дека го искористила искуството стекнато на тркачката патека, каде што GR86 веќе ги докажал своите способности, за да обезбеди уште „поединечна возна сензација“.

Подобрувањата се насочени кон поостро управување и чувство на поврзаност со патот, додека промените се однесуваат на амортизерите и електричното серво волан за подобра реакција.

Ја прилагодија и контролата на гасот во верзијата со мануелен менувач, додека кај варијантата со автоматски менувач овозможија помазна и почувствителна промена на степените на пренос.

Toyota GR86 2025 во Јапонија, исто така, има неколку нови функции, вклучувајќи систем за предупредување за притисокот во гумите.

Тоyotа понуди и ново специјално издание „RZ Ridge Green Limited“, со планирани само 200 единици за производство. Ова издание се одликува со впечатлива зелена боја, 18-инчни тркала со бронзена боја, гуми 215/40R18 и двобојни спортски седишта со жолти акценти.

Стандардниот GR86 во Јапонија чини 3.195.000 ¥ (18.545 евра) со мануелен менувач и 3.293.000 ¥ (19.115 евра) со автоматски менувач.

Изданието „RZ Ridge Green Limited“ започнува од 3.897.000 јапонски јени (22.620 евра) за верзијата со рачен менувач или од 3.995.000 јени (23.190 евра) за автоматската варијанта.

Иако овие промени беа најавени за јапонскиот пазар, се очекува во наредните месеци сите верзии на светскиот пазар да добијат слични подобрувања.

Претходна
Следна




НАЈНОВИ