Во Европа пристигнува и Nissan Ariya Nismo

Nismo, брендот на Nissan синоним за спортско, се враќа во Европа подоцна оваа година, што се совпаѓа со 40-годишнината од постоењето….

Клиентите наскоро ќе можат да го купат стилскиот и спортски Ariya Nismo, првиот целосно електричен модел на Nismo достапен на европскиот пазар.

Ariya Nismo го комбинира наследството на брендот Nismo и типичниот јапонски дизајн за да создаде динамичен, агилен автомобил со смела личност и возбудливи перформанси, повисоки од веќе одличните перформанси на моделот Ariya e-4ORCE 87KWh.

Ariya Nismo е опремен со низа технички и естетски надворешни детали кои ја подобруваат аеродинамиката и флуидноста на возењето, ја зголемуваат надолната сила и стабилноста при големи брзини и предизвикуваат емоции на патеката.

 

Мајра Гонзалес (Mayra Gonzalez), одделенски потпретседател за маркетинг и продажба, Nissan Europa, вели: „Nismo се враќа во Европа со нова и подобрена верзија на Ariya. Како што се движиме кон електрификација на гамата на Nissan, од суштинско значење е да продолжиме да нудиме производи кои ги воодушевуваат нашите клиенти. Ariya Nismo постигнува совршена рамнотежа помеѓу моменталното, непречено забрзување на електричен автомобил и ставот на спортски автомобил, што резултира со исклучително возило за секојдневно возење“.

Ariya Nismo има голем број важни технички подобрувања развиени со поддршка на Nismo и инженерски квалитет. Резултатот е автомобил со силно забрзување, но мазен дури и при големи брзини и лесен за контрола во секоја ситуација благодарение на оптимизираниот VDC (Vehicle Dynamic Control) систем и пневматиците со висок стисок. Системот Nissan e-4ORCE 4WD е дополнително подобрен за да се обезбеди поефикасна дистрибуција на силата и вртежниот момент на четирите тркала и да се максимизираат перформансите.

Ariya Nismo комбинира леснотија на управување со висока стабилност при свиоци типична за спортските автомобили. Прецизноста на возењето дополнително се подобрува со специфичното прилагодување на системот за сопирање, кое гарантира пократко растојание за сопирање при сите временски услови, како и со изменета суспензија. Има и 20-инчни алуминиумски тркала со гуми Michelin Pilot Sport EV 255/45 R20.

Внатрешноста е исто така дизајнирана да понуди супериорно и ексклузивно искуство, со црн тапацир украсен со црвени акценти и специјални Nismo седишта, кои потсетуваат на Formula Е болидите и гарантираат максимална удобност.

До пристигнувањето на спецификациите за европскиот пазар, еве потсетување дека Јапонците ќе добијат две верзии на Ariya Nismo; послабa со моќност од 270 kW/362 КС и 560 Nm максимален вртежен момент, со батерии со капацитет од 66 kWh, или помсилна со моќност од 320 kW/429 КС и 600 Nm вртежен момент и батерии со капацитет од 91 kWh.

 

 





НАЈНОВИ