Наредната 2025 година конечно че почне производството на Tesla Roadster

Уште во 2011 година, кога заврши производството на оригиналниот Tesla Roadster, Илон Маск вети наследник кој ќе биде нешто посебно…

Оттогаш поминаа 13 години, а досега видовме само прототип, а тоа беше во 2017 година. Сега се чини дека на чекањето конечно му се ближи крајот.

Според најавите на Илон Маск (Elon Musk), неверојатниот родстер со четири седишта треба да пристигне следната година и да стане автомобил со најбрзо забрзување во светот, дури и побрзо од Невера, пренесуваат информативните агенции.

Маск во 2017 година тврдеше дека основниот модел ќе достигне од 0 до 96 km/h за 1,9 секунди. Тоа би било побавно од актуелниот рекордер Rimac Nevera, но во меѓувреме Маск неколку пати ја менуваше приказната и зборуваше за достигнување 60 милји на час за помалку од 1,5 секунда, за 1,1 секунда, па дури и за помалку од една секунда.

Иако Маск сака да „влета“ со неверојатни и неостварливи прогнози и покрај фактот што „помалку од секунда“ навистина воопшто не звучи реално, јасно е дека Roadster треба да биде фасцинантно брз автомобил, веројатно побрз од Nevera.

Маск исто така еднаш изјави дека не сака да ја потврди максималната брзина, но навести дека е над 400 km/h.

Маск исто така тврдеше дека Roadster има батерија од 200 kWh и автономија од 1.000 km по полнење, три мотори, погон на сите тркала и систем за векторирање на вртежниот момент. И капацитетот на батеријата звучи крајно нереално, но да ја почекаме премиерата за да видиме што смисли Tesla овој пат.

И конечно би можеле да дознаеме за што се работи следната година бидејќи Маск потврди дека новиот Tesla Roadster ќе започне да се произведува следната 2025 година.

За време на разговорот со инвеститорите за финансиските резултати на компанијата во првото полугодие, извршниот директор на Tesla рече дека компанијата го „завршила најголемиот дел од развојот“ на следната генерација на Roadster.

Тоа би било конечно и време, бидејќи нарачките се уште се отворени во 2017 година. Тогаш се споменуваше очекувана цена од 250.000 американски долари, но стравуваме дека автомобилот ќе заврши значително поскап поради инфлацијата и големиот пораст на цените на автомобилите во последните години.





НАЈНОВИ