Кинескиот Livan X3 Pro во Европа по цена под 15.000 евра

Најпопуларниот европски сегмент наскоро ќе добие нова „принова“ од Кина…

Имено, Кинезите го намирисаа потенцијалот на SUV од В сегментот и сакаат да го извезат на Стариот континент  моделот Livan X3 Pro. Станува збор за мал SUV модел со почетна цена под 15.000 евра, односно до 5.000 евра пониска од најповолниот ривал.од Европа.

Сегментот на мали теренци зазема околу една петтина од европскиот пазар. Yaris Cross, T-Cross, Puma, 2008, Captur, Duster, Kamiq, Arona и голем број популарни модели владеат на европскиот пазар. А наскоро ќе добијат подостапен нов производ од Кина, пишуваат информативните агенции.

Кинезите наесен во Европа го испраќаат моделот Livan X3 Pro, модел од моќната групација Geely Automotive, кој се продава под неколку различни значки (Geely, Maple, Livan…) во светот.

Во светлото на позитивните вибрации на европскиот пазар, Кинезите се повеќе ја имитираат формулата на Европејците за повеќе да не влегуваат на пазарот низ „пукнатини“, туку со јасна визија за прилагодување на она што го привлекува вниманието на клиентите. Тоа веќе можеме да го видиме од примерот на MG ZS, кој има поголем број клиенти на одредени пазари во ЕУ од Dacia Duster и Nissan Qashqai.

Новиот Livan X3 Pro, модел со должина од нешто повеќе од четири метри (4,05 m) и клиренс (оддалеченост на најниската точка на возилото од подлогата) од 185 mm, се карактеризира со типичен кинески дизајн, кој, според потребите на различните пазари, се множи на различни марки под кои се продава овој модел. Се придвижува од 1,5-литарски турбо мотор со систем за менување на времето на отворање на вентилот. Бензинскиот мотор развива моќност од 103 КС и 140 Nm максимален вртежен момент.

Автомобилот има мала маса од само 1.180 килограми, што ќе придонесе за неговата ефикасност и поголема агилност на патот.

Доаѓа со само пет (5) -брзински мануелен менувач (автоматски достапен со доплата) и опрема што треба да биде прилично комплетна од самиот почеток.

Според сегашните информации, моделот X3 Pro ќе се продава во широка мрежа на европски трговци на мало кои, на пример, веќе продаваат една од марките од групата. Од својата основна верзија, X3 Pro ќе доаѓа со најсовремен инфозабавен систем, со 8-инчен екран на допир и Bluetooth конективност, мултифункционален спортски волан, задна паркинг камера, помош за стартување на нагорнина, ESP, контрола на тракција, диск сопирачки на сите четири тркала и 16-инчни алуминиумски тркала.

Овој мал теренец ќе има и гаранција од 5 години или 100.000 изнинати километри. Исто така, Кинезите најавуваат удобен внатрешен простор, кој по релативно малите димензии има повеќе од солиден капацитет на багажникот од 400 литри.

Сепак, нејзината главна цел ќе биде да привлече клиенти со конкурентна цена, наводно и до 5.000 евра поевтина од најдобриот европски ривал. Продажбата на одредени пазари во ЕУ започнува од есенва оваа 2024 година.

 





НАЈНОВИ