Наскоро серијата Audi A6 e-tron

Електричниот концепт A6 e-tron на Audi беше премиерно претставен во 2021 година на саемот во Шангај, додека караван верзијата A6 Avant e-tron Concept следеше во 2022 година….

Сега конечно сè е подготвено за серискиот модел. Cтанува збор за еден од новите модели на Audi кој ќе се базира на платформата PPE (Premium Platform Electric) која Audi ја разви заедно со Porsche.

Палетата вклучува основна верзија со еден електричен мотор и погон на задните тркала, како и помоќна варијанта со два електромотори и погон на четири тркала. Забрзувањетоод 0, до 100 km/h ќе биде за помалку од 4 секунди за најмоќната верзија, а за помалку од 7 секунди за основната верзија.

За потсетување, концептниот модел има два електромотори со вкупна моќност од 476 КС и 800 Nm максимален вртежен момент, додека со едно полнење на батеријата со капацитет на моќност од 100 kWh може да помине 700 km (25 минути се доволни за полнење до 80 проценти од капацитетот на батеријата ).

Audi A6 e-tron во концептната верзија беше долг 4961 mm, широк 1960 mm и висок 1440 mm.





НАЈНОВИ