Simpson-Ferrari V12 GTR излегува на аукција

Iconic Auctioneers ќе го изложи на аукција (на наддавање)  Simpson-Ferrari V12 GTR летово….

Се верува дека тоа е единствениот фабрички официјално поддржан модел F40 со V12 мотор, кој е произведен во соработка со британската компанија Simpson Motorsport кон крајот на деведесеттите години на минатиот век. Автомобилот е придвижуван од атмосферски F133 V12 мотор поврзан со шест (6) -брзински секвенцијален мануелен менувач на Hewland. Иако бројките не се дадени, се очекува моторот да испорачува поголема моќност од фабричките наведени  485 КС и 569 Nm максимален вртежен момент.

Моторот се гледа низ проѕирниот капак. Покрај познатиот факт за промена на моторот, нема многу информации за некои други модификациите.

Шасијата доаѓа од моделот F40 и е целосно подготвена за трки. Автомобилот доби и специјални компоненти за суспензија, додека каросеријата беше олеснета и зајакната секаде каде што беше можно. Панелите што се лакирани во Rossa Corsa црвена боја, се преземени од F40 GTE, вклучувајќи ги предните и задните разделувачи (spliters). Масивното задно крило изгледа уникатно.

Фокусиран пристап е исто така направен во внатрешноста, со тркалачки кафез според ормите на FIA, сместен зад едно од предните седишта, додека контролната табла има копчиња и прекинувачи поврзани со мото – спортот.

Автомобилот се натпреварувал на различни европски натпревари.

Аукцијата ќе се одржи на крајот на овој месец (август) на фестивалот Силверстоун (Silverstone Festival), а се очекува цената да надмине 600.000 британски фунти.





НАЈНОВИ