Autoid BMW M2

Британскиот Autoid за BMW M2 G87 нуди нов тјунинг пакет наречен TR87…

Автомобилот се уште го придвижува twin turbo бензински мотор со шест цилиндри, но тука е засилен на 578 КС и 663 Nm максимален вртежен момент, па забрзувањето од 0 до 100 km/h е намалено на 3,2 секунди.

Има и аеро каросерија (aero body kit) од јаглеродни влакна (преден спојлер, странични прегради, заден сплитер), потоа активно задно крило, дотерани предни „бубрези“, нови тркала со големини од 19 и од 20 инчи, „обуени“ во пневматици Yokohama AD08. Треба да се истакне и издувниот систем на Milltek, како и опционалната прилагодлива суспензија.

 

Цените за пакетот TR87, на пазарот во Велика Британија, започнуваат од 12.999 британски фунти.

 





НАЈНОВИ