Се продава Ford Escort RS Cosworth управуван од Џереми Кларксон

Ford Escort RS Cosworth е еден од најпознатите хечбек aвтомобили со висока моќност во светот што ентузијастите навистина го сакаат, додека пак Џереми Кларксон е меѓу најпопуларните водители на автомобилски емисии….

Овие две големи имиња се дел од приказната, чии нови редови ќе ги напише идниот сопственик на одлично возило на четири тркала.

Ford’s Escort RS Cosworth е специјална хомологација, која достигнува максимална брзина од 240 km/h. Џереми Кларксон (Jeremy Clarkson) претходно изјави дека ова е еден од неговите омилени автомобили, што не е ни чудо.

Автомобилот се продава на аукција и е еден од само трите претпродукциски прототипи кои биле рачно изработени во Ford.

Токму овој пример што потекнува од 1992 година беше позајмен на Кларксон за тестирање, а по тест периодот автомобилот стана награда преку списанието Top Gear.

Потоа, во текот на 2000 година, Кларксон повторно седна зад воланот на овој автомобил и го возеше за снимањето на неговиот филм насловен како „ Car Years“.

Како што е случајот со специјалите за хомологација, Escort RS Cosworth е прилично редок автомобил, со само 2.500 произведени примероци.

Во овој случај станува збор за уште поретко возило бидејќи всушност е претпродукциски модел.

Сето ова дефинитивно влијае на цената, а врската со Кларксон дополнително ја зголемува неговата вредност.

Автомобилот ќе биде ставен на аукција на 24 август и се очекува да достигне цена помеѓу 65.000 и 75.000 британски фунти.

Да кажеме и дека под хаубата се наоѓа турбо бензински мотор со еаботен волумен од  2.0-литри со четири цилиндри, кој развива моќност од 227 КС и 304 Nm максимален вртежен момент.

Погонската единица доаѓа во комбинација со пет (5) степен мануелен менувач за брзини, преку кој силата се пренесува на сите четири тркала.

Останува да почекаме до аукцијата и да видиме дали предвидувањата на познавачите ќе се исполнат и дали овој автомобил – икона на мотр спортот ќе ги собори досегашните рекорди во однос на пазарната вредност кај неговите поклоници.

 





НАЈНОВИ