Maserati MC20 Tributo Modenese

Maserati ќе го претстави уникатниот MC20 Tributo Modenese, кој му оддава почит на градот Модена, Италија, за време на настанот на неделата на автомобили во Монтереј (Monterey Car Week) во Америка следната недела.

Создаден од тимот за персонализација на Fuoriserie, MC20 Tributo Modenese се одликува со двобојна надворешност (комбинација од сина и црна), контрастни жолти акценти, тријадна графика на хаубата, црни тркала и жолти клешти на сопирачките.

MC20 има 3,0-литарски твин-турбо V6 мотор со 463 kW/630 КС и 730 Nm вртежен момент, поврзан со осум-брзински менувач со двојна спојка (достигнува 100 km/h за 2,9 секунди, додека максималната брзина е 325 km/h).

MC20 Tributo Modenese нема да биде единствениот MC20 на настанот во Калифорнија бидејќи Maserati исто така ќе претстави верзија на MC20 Icon и „нов супер спортски автомобил“ базиран на MC20.

Вториот дебитира на 16 август, а Maserati вели дека ќе биде инспириран од тркачкиот автомобил GT2. Се вели дека автомобилот има „импресивни аеродинамични перформанси, типични за најбрзите и највозбудливите тркачки автомобили“.

Дополнително, новитетот е најавен како „уникатен автомобил со непогрешлива естетика, дефиниран со широк спектар на опции за прилагодување“. Веројатно легалниот автомобил за кој станува збор има „детали типични за тркачки автомобил без да се жртвуваат удобноста и карактеристиките на za javen пат нamenetите модели“.

 





НАЈНОВИ