Специјално издание на Hyundai Tucson

Hyundai најави специјално издание Tucson за да прослави две децении успешно постоење (продавање) на овој популарен SUV модел на европскиот пазар…

Ова специјално издание го задржа истото возачко искуство и го има препознатливиот дизајн на Тucson.

Четвртата генерација на Tucson може да се пофали со подобрен дизајн, иновативна технологија и подобрен целокупен пакет.

Tucson Anniversary Edition излегува од производната линија со опционални дизајнерски знаци преземени од новиот Tuscon како стандард.

Специјалното издание ќе биде достапно во препознатливата нова боја на каросеријата Pine Green Matte и со нов внатрешен пакет во боја, co црна кожа и текстилен велур (aнтилоп) Pine Green.

Надворешноста ќе има 19-инчни алуминиумски тркала со специјален Satin Dark Grey финиш, а за дополнителен визуелен ефект на надворешноста тука се и црни лајсни како рамка за прозорците (DLO) и црни куќишта на надворешните ретровизори.

Планирани се посебни карактеристики за промовирање на дваесеттиот роденден, како што се: логото на 20-тиот роденден што ќе биде имплементирано на предната страна на потпирачите за глава, како и на праговите, а значката за 20-годишнината ќе биде прикажана на задната врата на багажникот.

Производството на Tucson Jubilee Edition ќе започне во август оваа 2024 година, во Hyundai Motor Manufacturing Czech и тоа без ограничување на бројот на произведени единици.

Во официјалното соопштение на реномираниот производител на автомобили од Јужна Кореја се истакнува дека специјалното издание ќе биде достапно на сите западноевропски пазари.

По 20 години успех ширум пазарите на Старио континент, Тucson успева да ги импресионира и новите и старите возачи.

Од Hyundai велат дека компанијата ќе се стреми и во иднина да го направи Tucson „миленик на поклониците“ на марката но и на сите вљубеници во автомобилите на европскиот континент.

Претходна
Следна




НАЈНОВИ