На изложбата Армија 2024 во Москва беше претставен прототип на новиот теренец Комбат…
На посетителите на изложбата им беше покажана цивилната верзија на возилото, но ќе биде достапна и воена верзија.
Русите го опишуваат овој модел како мултифункционално возило кое може да се движи на секој терен.
Комбат е долг 5 метри и има растојание од 250 mm, а доаѓа со погон на четири тркала и 2,5-литарски дизел мотор со 150 КС (спарен со шестстепен мануелен менувач).
Во кратката вест се наведува и дека Комбат може да помине длабочина до еден метар.
Во внатрешноста има мултимедијален систем со екран на допир, како и аналогна инструмент табла. Списокот на опции вклучува и двозонски клима уред.
Според прелиминарните податоци, цената на Комбат ќе биде од 3,5 до 5 милиони руски рубли што пресметано во европска валута изнесува од 34.985 до 49.980 евра