Колку опаѓа досегот на електрични автомобили на високи температури?

Намалувањето на автономијата со едно полнење на батеријата не е како во зима, на ниски температури, но и не е малку…

Често зборуваме за губење на досегот на електричен или plug-in хибриден автомобил за време на студено време, но недостатокот на ефикасност поврзан со топлината во жешките летни денови на температури како што се кај нас во овој период од годината, не треба да се потцени.

Да потсетиме дека за оптимално работење на батеријата, надворешната температура мора да биде помеѓу 15 и 25 степени. Подолу, како и над овие параметри, дел од енергијата се троши на одржување на температурата во нормалниот опсег на работа. Тогаш се троши многу енергија (во зависност од температурата), а не го ни спомнавме намалувањето на досегот поради вклучување на климата за да ја задржите кабината на возилото на температурата што ја сакате.

Според специјализираните портали, студија на експерти од Recurrent се потпира на податоци од околу 7.500 електрични возила и покажа дека губењето на досегот во случај на високи температури (топло време) може да биде и до третина од вкупниот опсег!

Статистичкиот мониторинг на Recurrent започнува на температура од 24 °C и покажува дека на ова ниво батеријата на автомобилот сè уште не го губи од досегот, но веќе на 27 °C досегот почнува постепено да се „топи “.

Со мало губење на досегот на почетокот од 2,8%, потоа се зголемува на пад од 3,5% на 29 °C (степени Целзиусови).

Значи, под 30 °C сè уште е разумно, и веројатно не е толку впечатливо бидејќи, на пример, досегот од 450 km би се намалил на 434 km на температури од 29 °C. Надвор од тоа, работите се влошуваат, а досегот на електричниот автомобил сè повеќе опаѓа.

Така загубата на 32°C би била 5%, би се зголемила на 15% веќе на температури пд 35°C и до 31% на температури од 38°C!

Тоа значи дека од почетниот досег од 450 километри, автомобилот сега надминува околу 310 километри, со полна батерија.

Топлината влијае на допегот на електричните автомобили, а инциденцијата се уште е помала во лето отколку во зима.

Покрај тоа, овие податоци може да бидат многу различни во зависност од автомобилот, некои од нив се опремени со топлински пумпи, кои го намалуваат оптоварувањето на високонапонската батерија.

 





НАЈНОВИ