Канада воведува царина од 100 отсто за кинеските електрични автомобили

Канадската влада објави дека воведува царина од 100 отсто за увоз на електрични возила од кинеско производство, за што претходно иста одлука донесоа и САД…

Премиерот Џастин Трудо (Justin Trudeau) исто така најави дека Канада ќе воведе царина од 25 отсто за увоз на кинески челик и алуминиум.

„Актерите како Кина избраа да си дадат неправедна предност на глобалниот пазар“, рече Трудо на состанокот на владата во Халифакс, Нова Шкотска.

Владата на Трудо започна 30-дневни консултации за ова прашање ова лето за да се спротивстави, според вицепремиерката Кристиа Фриланд (Chrystia Freeland), „јасен напор на кинеските компании да го преплават глобалниот пазар со понуда“.

Потегот на Канада доаѓа неколку недели откако и САД и Европската комисија објавија зголемени царини за увоз на кинески електрични возила.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан (Jack Sullivan), ја охрабри Канада да го стори истото за време на средбата со Трудо во Халифакс.

Од електричните возила од кинеско производство, единствени кои моментално се увезуваат во Канада се оние на компанијата Теslа, произведени во фабриката на таа компанија во Шангај.

Инаку, Во моментов во Канада не се продаваат или увезуваат електрични возила од кинеска марка.





НАЈНОВИ