Dacia Sandero беше најпродаваниот модел во Европа и во јули

Романскиот hatchback и минатиот месец беше најпродаваниот модел на пазарите на Стариот континент…

Сепак, големото изненадување е Duster, SUV модел на Романците, кој се искачи на четвртото место, додека падот на Volkswagen Golf на осмото место остана во сенка на успехот на Volkswagen T-Roc.

Sandero е убедливо најпопуларниот модел на романскиот производител. Достапниот хечбек со месеци е позициониран на првото место на европската продажна листа и нема вистинска конкуренција, пишуваат новинските агенции во Европа.

Во јули оваа 2024 година, Sandero повторно беше најпродаваниот модел во Европа со 22.398 регистрирани примероци и раст од 34 отсто во однос на истиот месец во минатата 2023 година, покажуваат податоците што ги анализира Jato Dynamics.

На второ место е Volkswagen, но не Golf туку неговиот SUV дериват моделот T-Roc, со 19.254 регистрирани единици со раст од пет проценти.

Последното скалило на подиумот отиде кај Toyota Yaris Cross, кој зад себе го остави најдобриот месец со 17.314 регистрации и раст од дури 47 проценти.

Сепак, големото изненадување беше Dacia Duster.

Имено, Романскиот SUV го заврши јули на четвртото место со 15.884 продадени единици (+29%).

Овој ефект е главно резултат на лансирањето на новата генерација.

Сепак, Duster се позиционираше пред големите фаворити како Kia Sportage, Toyota Yaris, Renault Clio, Hyundai Tucson, Opel Corsa и Volkswagen Golf.

Падот на продажбата ги дофати моделите Renault Clio (-5%),  Citroen C3 (-9%), Skoda Octavia (-10%), Volkswagen Golf (-13%) и Ford Puma.

Најлошо помина crossover моделот на Ford и во исто време најпродаваниот модел на марката, со оглед на тоа што доживеа 25 отсто помалку регистрации во оваа 2024 година отколку во јули минатата 2023 година.

Дури и најпродаваниот електричен модел во Европа, Tesla Model Y, сега е во постојан пад месец по месец.

Во јули оваа 2024 година, американскиот „електричен автомобил“ падна на најниската позиција оваа 2024 година, односно на 24-та позиција, забележувајќи пад од 16 отсто. во споредба со истиот месец минатата 2023 година.

Сепак, Tesla Y и понатаму остана на врвот на листата на BEV (електрични возила на батерии) пред SUV моделот на Швеѓаните (инаку целосно под капа на Кинезите) Volvo EX30, како и на германскиот Volkswagen ID.4.

Автомоблскиот пазар на Стариот континент полека се менува, а по се изгледа не очекуваат многу подраматични промени, пред се поради наездата на електричните автомобили произведени во Кина, или пак во европските фабрики на кинеските производители.

 

Извор: Jato Dynamics





НАЈНОВИ