Шефот на Ford сака да се вратат моторите со внатрешно согорување

Во спротивно, според тоа што го вели тој, оваа автомобилска марка би можела да исчезне од пазарите во Европа…

Сосема е јасно дека лошите одлуки секогаш на крајот го земаат својот данок. Ford дури сега почнува да го разбира ова откако инвестираше повеќе од две милијарди во електрични автомобили и непотребно ги жртвуваше класичните модели на кои марката со децении го засноваше својот бизнис и имиџ.

Освен луксузните марки, малку „народни“ марки добро се снајдоа со преминот кон електрични автомобили. Ford очигледно не е, а подобри времиња не очекуваат ниту во блиска иднина.

Наследството што го остави Мартин Сандерс (Martin Sander), поранешниот шеф на марката Ford во Европа, е тешка ситуација која сериозно ја загрозува одржливоста на поранешната најпродуктивна фабрика за автомобили во Германија, пишуваат информативните агенции.

Под Сандерс, Ford потроши неверојатни повеќе од 2 милијарди евра за да ја претвори фабриката за автомобили со мотори со внатрешно согорување во електрична, каде што моментално се произведуваат електричниот Explorer и новиот Capri.

Гунар Херман (Gunnar Herman), член на надзорниот одбор на фабриката на Ford во Келн, е свесен дека лошите одлуки направиле голем данок.

Опстанокот на Ford зависи од моторите на внатрешно согорување и тоа му е јасно на шефот на Ford. Во изјавите на Херман за германскиот печат, тој беше повеќе од јасен кога беше прашан за производството на електрични автомобили во фабриката за која е одговорен, истакнувајќи дека сегашното производство е премало за да се оправда работата на фабриката во две смени.

Херман не застана тука, бидејќи испрати предупредување и до менаџерите на брендовите во САД дека европската филијала нужно треба да се држи до моторот на внатрешно согорување.

На прашањето за интензивните гласини за новата Fiesta, Херман истакна дека новиот буџетски модел ќе биде креиран врз основа на истражување на пазарот.

Излегува дека најголемиот проблем на Ford се всушност Volkswagen и кинеските производители. Ford падна во стапица поставена од Volkswagenн, чиј визионерски претседател сфати дека електричните автомобили се непосредна иднина. Сличностите меѓу Сандерс и Херберт Дис (Herbert Diess) се повеќе од очигледни, но со една важна разлика: додека компанијата од Волфсбург ја задржа својата стратегија за продажба на автомобили со мотори на внатрешно согорување, Сандерс отиде чекор понатаму со цел да го престигне германскиот гигант.

Наместо да смета на флексибилност во бизнисот, Сандерс го направи спротивното. Ја исклучи Fiesta предвреме и ја постави основата да го стори истото со Focus, кој ќе исчезне во 2025 година.

Сега американското раководство на Ford одбива да ја преиспита одлуката. Џим Фарли (Jim Farley) е исто толку одговорен за страшната ситуација на Ford во Европа како и Сандерс.

Херман знае дека Ford ќе исчезне од Европа ако работите не се сменат. Кинеските брендови се веќе поблиску до афирмирање во Европа и тоа е друг проблем, но тој е убеден дека електричните автомобили требало да пристигнат кога би можеле да се направат, а не да губат на старт со нив како што се случува во моментов.





НАЈНОВИ