Aston Martin нема да ги реализира своите планови оваа година

Aston Martin наведува дека нема да го достигне планираниот обем на продажба оваа година…

Во неодамнешното интервју за Reuters, новоименуваниот извршен директор Адријан Халмарк (Adrian Hallmark) рече дека компанијата ќе произведе и испорача околу 1.000 автомобили помалку оваа 2024 година од првично проценетите и нема да може да ја исполни својата цел за бруто маржа од околу 40%.

Aston Martin имаше за цел да испорача 7.000 автомобили во 2024 година (6.620 во 2023 година), но тоа нема да се случи.

„Беше потребно скоро совршено извршување за да се исполни амбициозниот план на компанијата за 2024 година “, рече Халмарк во интервјуто. „Сепак, стана јасно дека треба да преземеме решителна акција за прилагодување на обемот на производството за 2024 година.

Халмарк ги наведе проблемите со синџирот на снабдување, особено „поплавите “ и „пожарите“ кои зафатија неколку добавувачи на Aston Martin низ Европа. Поплавите во Швајцарија на почетокот на оваа година го запреа производството во голем снабдувач на алуминиум, што влијаеше и на брендовите како BMW, Jaguar Land Rover и Porsche.

Следната година би можела да биде попрофитабилна за брендот бидејќи воведува производи како новите Vanquish и Valhalla, како и ажурираниот SUV модел DBX.

Aston Martin, исто така, ги отфрли своите амбициозни планови за ЕV и вети дека ќе продолжи да продава автомобили со внатрешно согорување до 2030-тите години.





НАЈНОВИ