Hyundai го произведе 100 милионитиот автомобил

Hyundai Motor Company објави дека го произведе своето 100-милионито возило, што е постигнато за само 57 години од основањето на компанијата…

Во знак на благодарност за поддршката и довербата на своите клиенти, компанијата го испорача 100-милионитото возило, Hyundai Ioniq 5, директно на купувачот во својата фабрика во Улсан.

„Постигнувањето на 100 милиони возила на глобално ниво е значајна пресвртница, овозможена од нашите клиенти ширум светот кои го избраа и поддржаа Hyundai Motor од самиот почеток “, рекол Јехун Ченг (Jaehoon Chang), претседател и извршен директор на Hyundai Motor Company.

„Преземањето на смели предизвици и постојаното стремење кон иновации ни овозможи да постигнеме брз раст и ќе ни овозможи да „засилиме “, до дополнителни 100 милиони единици за да ја трансформираме мобилноста “.





НАЈНОВИ