Volkswagen ID.3 во Германија за помалку од 30.000 евра

Во Германија, Volkswagen почна да ја менува својата стратегија и да најавува големи реорганизации, се со цел да го направи бизнисот попрофитабилен…

Еден од потезите е намалувањето на цената на моделот ID.3 на помалку од 30 илјади евра. Потек што е сосема спротивен од поскапувањето на автомобилите опремени со мотори на внатрешно согорувањ, што се случи само пред неколку дена,

За клиентите во Германија, новиот Golf би можел да чини приближно исто како и неговиот електричен колега – Volkswagen ID.3 ќе биде предмет на намалување на цената на почетокот на октомври. Локалните медиуми од Волфсбург јавуваат за намалување на цената на електричниот модел, предизвикано од послабата побарувачка и зголемената конкуренција. Овој потег доаѓа веднаш по поскапувањето на новите автомобили Volkswagen со класичен погон, претставено во средината на септември, пишуваат специјализираните портали.

Малопродажната цена на основната ID.3 верзија Чиста, со батерија од 52 kWh и домет од 320 километри, од почетокот на октомври ќе се намали од сегашните 36.900 на 33.330 евра. На последната цена се одобрува промотивен попуст од 3.570 евра, со што нејзината цена првпат ќе падне под 30.000 евра и ќе изнесува 29.760 евра. Ова е директно споредливо со почетната цена на новите Golf и Golf Variant во Германија, модели кои се исто така нешто поевтини од 30.000 евра.

Паритет на цените меѓу електричните и класичните модели, се надеваат во Volkswagen, ќе ги поттикне клиентите да се одлучат за голем чекор и да се префрлат на електричен погон. Наведената цена со промотивен попуст ќе важи најмалку до крајот на годината и има за цел малку да ја подобри продажната слика во портфолиото на Volkswagen. Имено, од почетокот на оваа година до крајот на август во Германија се продадени само 15.114 примероци од моделот ID.3, додека во истиот период се продадени 70.070 примероци на Golf.

 





НАЈНОВИ