Повеќекратниот светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон оваа сезона се мачи со болидот на Ферари. Првпат по 2007 година се случи да поминат 11 трки, а тој да не се искачи на подиумот.
Следната трка во Ф1 е на патеката Силверстон за Големата награда на Велика Британија, па Хамилтон ќе вози пред својата публика, ќе има шанси да ја прекине оваа црна серија.
Сепак, поранешниот шеф на Ф1, Берни Екелстон изрази сомнеж дека во иднина Хамилтон може повторно да стане број 1 во најбрзиот спорт.
- Тој имаше среќа да се натпреварува во време кога имаше помалку конкуренција. Сега има сериозни противници, кои тешко може да ги победува. Тој победуваше кога конкуренцијата беше послаба, изјави Екелстон.