Ауди претстави Ф1 болид и амбициозни цели: борбата за титула започнува од 2030

Германскиот производител Ауди официјално го претстави својот концепт болид R26 со кој влегува во светот на Формула 1. Претставниците на компанијата јасно нагласуваат дека целта не е само да учествуваат, туку да се борат за титулата светски првак од сезоната 2030.

Дизајнот на новиот болид се потсетува на легендарните „Сребрени стрели“: предниот дел е во титаниум-сребрена боја, додека задниот комбинира карбонско-црна и препознатлива црвена боја на Ауди. Проектот се смета за стратешки клучен за брендот, со буџет ограничен на 215 милиони американски долари, а Формула 1 се гледа како глобална платформа за маркетинг и технолошки развој.

Во возачкиот тим се потврдени искусниот Нико Хулкенберг и младата надеж Габриел Бортолето. За управување со тимот се задолжени поранешниот шеф на Ферари Матиа Биното и поранешниот менаџер на Ред Бул, Јонатан Ватхеи.

Моторот се развива во Neuburg и станува збор за 1,6-литарски V6 турбо мотор во комбинација со електричен мотор. Audi планира да користи e-горива и да развива сопствен менувач.

Ауди не крие амбиции – Формула 1 се гледа како „лабораторија“ за иновации и витрина на новиот идентитет на брендот. Како што нагласуваат од компанијата: „Ова бара време, издржливост и постојано преиспитување на статус кво-то.“

НАЈНОВИ