Над 20.000 автомобили повлечени од канадскиот пазар поради сериозни безбедносни проблеми

Во Канада започна голем опозив на повеќе од 20.000 автомобили од неколку големи автомобилски производители откако регулатори утврдија потенцијални безбедносни дефекти кои можат да доведат до зголемен ризик од сообраќајни несреќи или други опасни ситуации за возачите и патниците.

Според официјалните информации, Hyundai повлекол 9.669 возила поради проблем со приклучниот склоп за приколица кој може да биде неправилно направен, што отвора можност за судири или други сигурносни ризици при стресни услови.

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) повлекува 4.115 возила поради недостатоци во системот на воздушни перничиња и безбедносните појаси, кои може да не функционираат правилно при удар.

Од друга страна, Kia иницирала опозив на 3.254 автомобили поради софтверски проблем кој може да ја намали ефикасноста на одредени системи за сигурност, додека Toyota повлекува 2.411 хибридни автомобили поради грешки во склопувањето што исто така може да ја загрози безбедноста при возење.

Дополнително, Ford повлекол скоро 1.300 возила, а BMW известил дека 101 постар модел е опфатен од опозив поради проблем со системите за воздушни перничиња, што потенцијално го зголемува ризикот за повреди во случај на судир.

Овие опозиви следат по засилена контролa од страна на канадските регулаторни тела, кои ја зголемија проверката на возилата со цел да се намалат ризиците на патиштата.

Автомобилските сопственици често се известуваат директно од производителите или од националните регистри дали нивното возило е опфатено од опозив и за процедурите што треба да ги превземат за безбедно и бесплатно отстранување на дефектите.

НАЈНОВИ