Шкода ја претстави новата боја „Змејска кожа“ за Октавиа

Чешкиот производител воведува впечатлива нова нијанса за својот најпродаван модел Octavia, наречена „Змејска кожа“ (Dragon Skin). Новата боја е резултат на онлајн гласање во кое учествуваа фанови од целиот свет, по повод 30-годишнината од моделот.

Фановите одлучија

„Змејска кожа“ беше избрана преку анкета на социјалните мрежи, каде што ја победи конкуренцијата од неколку други предложени нијанси. Со ова, Škoda уште еднаш покажа дека активно ја вклучува својата заедница во креирањето на идните понуди.

Новата боја ќе биде достапна од март 2026 година, како доплата во ценовникот.

Достапна за спортските верзии

Оваа впечатлива жолто-зелена нијанса нема да биде понудена во целата гама. Таа ќе се нуди исклучиво кај спортските изведби, односно кај верзиите vRS во hatchback и karavan каросериска форма, а подоцна и во ограничена серија на Sportline модели.

Смел визуелен идентитет

„Змејска кожа“ комбинира жолти и зелени тонови кои во зависност од светлината создаваат динамичен ефект. Со тоа дополнително се нагласува спортскиот карактер на моделот и се издвојува од класичните, конзервативни бои што доминираат во сегментот.

Со вакви потези, Škoda продолжува да ја освежува понудата на Octavia и да ѝ дава помодерен и похрабар имиџ, особено кај помладата публика и љубителите на спортски изглед.

НАЈНОВИ