
Шпанскиот спортски бренд Cupra подготвува вистинско изненадување за љубителите на високите перформанси – најмоќната изведба на нивниот SUV модел Terramar VZ5, која под хаубата ќе го носи култниот 2,5-литрски турбо петцилиндарски мотор од Audi RS3, пренесува Index Auto.
Со ова, Terramar VZ5 станува само третиот модел во рамките на Volkswagen групацијата кој го користи овој впечатлив мотор, а притоа не носува ознака RS, следејќи го патот на својот успешен претходник – Formentor VZ5.
Звук од Nürburgring и моќност од 390 коњски сили
Тестни прототипови на новиот SUV веќе се снимени за време на тестирањата на славната германска патека Nürburgring. Иако визуелно е речиси невозможно да се разликува од стандардните изведби, искусните уши на фотографите лесно го препознаа единствениот, агресивен звук на петте цилиндри кој доаѓаше од задниот дел.
Се очекува моторот да развива 390 коњски сили и 480 Nm вртежен момент, а силата ќе се пренесува на сите четири тркала преку седумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч треба да трае околу 4,2 секунди, што го става овој SUV во многу сериозна спортска класа.
Неизвесна судбина поради строгите Euro 7 норми
Иднината на овој легендерен мотор на европскиот пазар е под знак прашалник. Поради строгите прописи на новата норма Euro 7, Audi најави дека производството на моделот RS3 за Европа ќе мора да заврши во третиот квартал од 2027 година, освен доколку германскиот производител не најде начин за негова целосна електрификација или не го задржи на пазари со поспустливи еколошки правила, како што се Соединетите Држави.
Премиерата на новиот Cupra Terramar VZ5 се очекува на почетокот на 2027 година, а со оглед на тоа што претходниот Formentor VZ5 имаше строго ограничена серија од само 4000 примероци, се претпоставува дека и овој атрактивен SUV ќе биде произведен во ексклузивен број примероци.