Alpine Alpenglow можеби и во сериска верзија

Брендот Alpine неодамна го претстави Alpenglow Hy4 на водород (еволуција на концептниот автомобил Alpenglow од 2022 година), а сега доаѓа вест дека компанијата ја истражува можноста за негова сериска, патна верзија која би се произведувала во ограничеа серија…

Во изјавата за Autocar, шефот за дизајн на Alpine, Антони Вилин (Antony Villain), навести можноста Alpenglow да стане сериски автомобил. „Кога го дизајниравме Alpenglow, имавме на ум две полиња: сериски автомобил и тркачки автомобил“, рече Вилин.

Тој објасни дека концептот првично бил дизајниран паралелно со тркачкиот автомобил А424 Le Mans но станал уште повеќе фокусиран на патот во неговата најнова еволуција.

На пример, Hy4 ја отфрли оригиналната внатрешност со едно седиште во корист на поконвенционална конфигурација со две седишта.

Коментирајќи ги шансите на Alpenglow да стигне до сериско производство, Вилин рече: „Зошто да не? Зошто да не бидете на патиштата? Можеби би можеле да изградиме мала серија од овие автомобили за патот. Тоа би можело да биде сосема точно“.

Вилин додаде дека процесот на претворање на Alpenglow во сериски автомобил бил разгледуван од самиот почеток на проектот. „Веќе ги имаме на ум следните чекори. Тој рече дека „тоа е повеќе програма отколку автомобил“ и дека „следната ќе биде друга еволуција, стилски, со поголем кредибилитет“.

Според компанијата, Alpenglow ја отелотворува визијата на брендот за спортски автомобили Alpine од групацијата Renault. Нивната иднина е спортска, а Alpenglow илустрира какви ќе бидат моделите на Alpine од утре, и на пат и во конкуренција.

Alpine тврди дека моторот со внатрешно согорување на водород е „исклучително ветувачко решение“.

Како што се вели во соопштението, Alpenglow е вистинскиот израз на брендот, камен-темелникот на неговите амбиции и стратешки план.

Alpenglow („Алпски сјај“) се однесува на светлосен феномен во кој хоризонтална низа на црвена светлина се појавува на планините пред изгрејсонце и по зајдисонце.

Alpenglow Hy4 е придвижуван од 2.0-литарски четирицилиндричен турбо мотор кој развива 340 КС. Има и три резервоари за водород, како и секвенцијален менувач.

Alpine исто така работи на поголем мотор, целосно нов V6 кој е развиен специјално за водородни апликации. Следната варијанта, најверојатно наречена Alpenglow Hy6, ќе има премиера кон крајот на 2024 година.





НАЈНОВИ