-
Со цел да се забрза развојот (со поставена цел за раст на бизнисот од 50% до 2030 година), одделот за обработка на делови на Renault Group со седиште во Фабриката во Флинс се приклучува на команијата The Future Is NEUTRAL како ново друштво.
-
По тој повод доби ново име THE REMAKERS, што ја истакнува неговата стручност во областа на обработката и ја потврдува неговата амбиција на светско ниво.
-
Компанијата THE REMAKERS има 75-годишно искуство и нуди проширен опсег на автомобилски компоненти од девет семејства кои претставуваат 11 илјади каталошки броеви со ист квалитет како новите делови, и во просек 30% подостапни за клиентите и поеколошки.
-
Компанијата THE REMAKERS сака да стане водечки европски производител на автомобилски делови и да соработува со сите чинители во секторот.
Претпријатието „ The Future Is NEUTRAL “ го проширува своето деловно портфолио со приклучување кон бизнисот за преработка на автомобилски делови во фабриката „Refactory во Флинс. Тоа е активност која е во самиот центар на синџирот на вредност на кружната економија во областа на автомобилската индустрија, со која се занимава компанијата The Future Is NEUTRAL и има силен потенцијал за раст, што и овозможува да стане водечка Европски чинител во преработката на делови што го снабдува целиот автомобилски сектор. Тоа беше одлична можност за ново име: THE REMAKERS.
„Со основањето на компанијата THE REMAKERS започнуваме ново поглавје кое носи голема можност за раст. Нашата цел е да го зголемиме нашиот бизнис за 50% до 2030 година. Нашата експертиза и познатиот квалитет на нашиот бизнис може да ни помогнат во тоа, како и инженерските вештини поврзани со Групацијата Renault и нашиот стратешки план. Компанијата THE REMAKERS, исто така, има корист од синергијата со фабриката Refactory во Флинс, првиот објект во Европа посветен на кружната економија на мобилноста, како и од врската со The Future Is NEUTRAL, првата компанија во автомобилската индустрија која ги вклучува принципот на кружната економија во целиот синџир на вредност во Европа. Рафаел Трегер (Rafael Tréguer), извршен директор на THE REMAKERS
THE REMAKERS: Богато искуство за сооќување со постгоечки и идни предизвици
Компанијата THE REMAKERS максимално го користи знаењето стекнато од 1949 година и добро познато на пазарот. Неговата мисија е да ги преработи автомобилските компоненти на ниво на квалитет еднакво на она на оригиналниот дел, комбинирајќи
реновирани и нови делови. Оваа експертиза сега ќе биде достапна за целата автомобилска индустрија во согласност со стратегијата за развој и отворање на бизнисот за сите активности на The Future Is NEUTRAL.
Растот на компанијата ќе биде поттикнат од инвестицискиот план на компанијата The Future Is NEUTRAL од вкупно 500 милиони евра до 2030 година, наменет за проширување на постојното работење и започнување нови. Европскиот пазар за резервни делови е динамичен и има голем потенцијал за раст. Неговата вредност во 2022 година беше проценета на околу 6,8 милијарди евра, а се очекува да достигне 8,2 милијарди евра до 2030 година. Растот главно е поттикнат од стареењето на возниот парк и забрзувањето на електрификацијата. Благодарение на поддршката на Renault Group, лидер во областа на електричните возила и вештините за обратно инженерство, компанијата The REMAKERS забрзано се движи кон обработка на електрични и електронски делови и има намера да ја удвои инвестицијата за да ја потврди својата водечка позиција.
Име кое ги поврзува историјата и иднината
Името THE REMAKERS го нагласува човечкиот и колективниот аспект, стручноста и вештините стекнати со текот на времето. Потекнува од англискиот збор „maker“ (оној што прави нешто, забелешка од преведувачот), името THE REMAKERS ги опишува оние кои вдишуваат нов живот на делови кои повеќе не се користат, што е одличен начин да се стави во центарот на вниманието на вработените, учесници во кружна економија. Влијателна и современа, компанијата THE REMAKERS ја одразува и амбицијата на компанијата за развој на меѓународно ниво.
Префиксот „повторно“ (re) ги носи гените на кружната економија (како во зборовите remanufacturing („повторно производство“ или „преработка“) и им оддава почит на Групацијата Renault и фабриката Refactory, додека зборот „Тhe“ е врска до компанијата The Future is Neutral.
Друштвото Remakers нуди: Подобри решенија за планетата и подобра куповна моќ
Понудата на компанијата THE REMAKERS одговара на оригиналните делови и е целосно погодна за постариот возен парк и претставува алтернатива која е поеколошка (помала потрошувачка на суровини, енергија и вода и помали емисии на CO2 во споредба со производството на нови делови) и попристапни за клиентите (околу 30% поевтини од новите делови).
Со цел да го искористи растот на пазарот, компанијата THE REMAKERS спроведува стратешки план насочен кон проширување на портфолиото на производи и партнерства и на тој начин консолидирање на своите позиции во Европа.
Понудата на REMAKERS веќе вклучува девет фамилии на производи и вклучува повеќе од 11 илјади каталошки броеви: механички делови (мотори, менувачи, турбополначи, инјектори), електрични делови (електрични мотори, електроника за електрична енергија) и електронски делови (мултимедијални системи). Компанијата THE REMAKERS сака да ја забрза презентацијата на нови делови на пазарот, на пример пред се да го поддржи растот на возниот парк на хибридни и електрични возила. Тоа го докажува и најавата за првата понуда на преработени (репарирани) мотори за електрични возила во Европа (март 2024 година), како и други проекти во моментот во развој, кои вклучуваат електроника за напојување, а сето тоа со поддршка и експертиза на познати актери.