Автомеханичар предупредува: една честа зимска грешка може скапо да ве чини

Во зимските месеци многу возачи, обидувајќи се да си ја олеснат утринската подготовка, прават грешки кои подоцна можат да резултираат со сериозни и скапи оштетувања на автомобилот. Искусен автомеханичар предупредува дека една навидум безопасна навика може да предизвика значителни трошоци.

Станува збор за подигнување на брисачите преку ноќ за да не се залепат за ветробранското стакло. Иако ова е честа практика, механичарите истакнуваат дека таа може да биде опасна. Доколку брисачот ненадејно се врати назад, силата на пружината може да доведе до пукање или кршење на стаклото, чија замена е исклучително скапа.

Покрај тоа, во студено време често замрзнуваат и гумените заптивки (кедери) на вратите, па некои возачи се обидуваат да ги отворат вратите со сила. Ова може да резултира со оштетување на кедерите или механизмите на вратата. Стручњаците препорачуваат редовно подмачкување на гумените делови со глицерин или специјални средства, особено пред зима.

Автомеханичарите потсетуваат и на важноста од проверка на акумулаторот, бидејќи ниските температури значително ја намалуваат неговата ефикасност. Слаб акумулатор може да предизвика проблеми со стартувањето и да ве остави на пат во најнезгоден момент.

Како превенција, се советува возачите внимателно да го отстрануваат мразот и снегот од стаклата, да користат средства за одмрзнување и редовно да го одржуваат автомобилот во текот на зимската сезона. Малку внимание навреме може да заштеди многу пари подоцна.

НАЈНОВИ