BAIC Beijing BJ30

Crossover моделот  Beijing (Пекинг) BJ30 (дел од концернот BAIC) наскоро добива нов изглед, со најава дека официјалната премиера ќе се одржи во април на автосалонот во Пекинг…

Надворешните промени вклучуваат предни светла интегрирани во решетка и вертикални задни светла. Освен тоа, веќе ги нема впечатливите лакови на тркалата, ниту острите рабови на страните.

Новиот BAIC Beijing BJ30 е исто така поголем од порано. Должината на возилото е 4730 mm, ширина 1910 mm, висина 1757 mm и меѓуоскино растојание 2820 mm. Димензиите на претходникот се: должина 4505 mm, ширина 1855 mm, висина 1710 mm и растојание помеѓу оските 2675 mm.

Сè уште нема официјални фотографии од внатрешноста, но претходните шпионски снимки откриваат дека новиот BJ30 добива голем екран на мултимедијалниот систем кој се издига над предниот панел.

Втората генерација на Beijing BJ30 ќе се нуди со 1,5-литарски турбо бензински мотор со 188 КС, опционално со менувач DCT.

Очигледно, автомобилот ќе продолжи да се нуди само со погон на предните тркала.

Подоцна би требало да се појави и хибридна верзија, но деталите за тоа допрва доаѓаат.





НАЈНОВИ