БМВ конечно подготвува вистински теренец што треба директно да му конкурира на легендарниот Mercedes-Benz G-Class. Според повеќе извори од автомобилската индустрија, германскиот производител работи на целосно нов робустен SUV модел со нагласени off-road способности и луксузен карактер.
Наводно, новиот модел ќе биде базиран на следната генерација на платформата од БМВ X5, но ќе добие значително поцврст дизајн, пократки препусти и специјално подесена суспензија за сериозен теренски оф-роуд.
Во БМВ интерно проектот наводно се води под ознаката „G74“, а дел од медиумите тврдат дека моделот ќе биде позициониран помеѓу Land Rover Defender и Mercedes-AMG G63. Производството би можело да започне во 2029 година во фабриката на БМВ во Јужна Каролина, каде денес се произведуваат X моделите.
Сè уште не е познато дали теренецот ќе користи класична body-on-frame конструкција како G-Class или модифицирана self-supporting платформа. Аналитичарите сметаат дека БМВ најверојатно ќе се обиде да понуди комбинација од луксуз, динамика и off-road способности, наместо екстремен „воен“ пристап како кај Mercedes G-Class.
Се очекуваат моќни бензински и plug-in hybrid мотори, а можно е и целосно електрично издание. Дел од извештаите споменуваат дека моделот би можел индиректно да го наследи BMW XM, чија продажба не ги исполни очекувањата.
На Reddit и автомобилските форуми реакциите се поделени. Дел од фановите веруваат дека БМВ конечно ќе добие вистински off-road модел, додека други сметаат дека е тешко да се достигне култниот статус што G-Class го има веќе со децении.