BMW Concept Skytop

По сликите што неофицијално „протекоа“ од пред неколку дена, BMW сега и официјално го претстави својата нова дизајнерска студија наречена Concept Skytop…

Автомобилот беше изложен на настанот Concorso d’Eleganza Villa d’Este во Италија и е двосед со две врати, тарга покрив и V8 twin-turbо мотор од 617 КС од BMW M8 Competition.

Дизајнот има повеќе од навестување на историјата. Враќајќи се на своите корени, BMW го споменува Z8 (кој оваа година слави 25-годишнина) како и BMW 503.

Меѓу другото, Concept Skytop се карактеризира со класичен нос налик на „носот“ на ајкула, тенки LED светла, маска со бубрези со одлични пропорции, тркала во облик на турбина, овални издувни цевки целосно интегрирани во задниот браник, кожен тарга покрив во два дела и внатрешни површини со кожа во црвено-кафена нијанса.

Покрај тоа, автомобилот нема конвенционални рачки на вратите, додека задното стакло може целосно да се повлече.

Засега нема информации за пуштање на концептот Skytop во сериско производство.

Ако тоа се случи, очекувајте висока цена и секако строго ограничена серија на примероци.





НАЈНОВИ