Во Индија ќе се произведуваат и Range Rover и Range Rover Sport

Според британските медиуми, Jaguar Land Rover (ЈLR) ќе ги произведува моделите Range Rover и Range Rover Sport во Индија, првата земја надвор од Велика Британија која ги произведува луксузните SUV модели на легендарната  марка…

Овој потег ќе и помогне на компанијата да ја задоволи зголемената побарувачка од клиентите на тамошниот азиски пазар.

Во моментов, Кина е најголемиот пазар на JLR со 104,123 единици продажба на луксузни SUV креации во текот на минатата 2023 година (за 14,4% на годишно ниво), додека Индија забележа едно од најголемите зголемувања во продажбата на возила JLR, со зголемување од неверојатни 81% во однос на истиот период на година дена пред тоа, односно во 2022 госина (4436 возила во апсолутни бројки).

Засега, тие се произведуваат само во фабриката на JLR во Солихал, но моделите Range Rover и Range Rover Sport ќе се склопуваат и во фабриката на матичната компанија Tata Motors во Пуна, која е во близина на Мумбаи во западна Индија.

Фабриката склопува модели на JLR повеќе од една деценија, почнувајќи со Land Rover Freelander II во 2011 година.





НАЈНОВИ