BMW оваа недела на престижниот Amelia Concours d’Elegance ќе ја претстави најновата, лимитирана верзија на Alpina, наменета исклучиво за пазарите во САД и Канада. Својот официјален дебит ќе го има на 6 март, а по презентацијата автомобилот ќе биде изложен пред хотелот The Ritz-Carlton на Amelia Island во Флорида.
Овој потег е прв поголем чекор откако Alpina на почетокот на годинава целосно премина под контрола на BMW и повторно се воспостави како самостојна марка во рамки на групацијата. Иако многу детали засега се под ембарго, објавените тизер-фотографии откриваат дека моделот ќе биде базиран на актуелниот X7, со препознатливи визуелни елементи во духот на Alpina и веројатно со специфични конфигурации на опрема и ексклузивни бои за северноамериканскиот пазар.
Претходната верзија на моделот, Alpina XB7, има 4.4-литарски V8 битурбо мотор со 613 КС и 800 Nm вртежен момент, што ѝ овозможува забрзување од 0-96 km/h за 3.9 секунди и стартна цена од околу 156.000 американски долари во САД.
Овој премиер е дел од поводите со кои BMW ја слави својата богата историја на Amelia Island: покрај Alpina, ќе биде изложена и цела генерација на легендарниот M3 по повод 40 години од неговото постоење, како и други иконични модели на брендот.