BMW R20 Concept

На настанот Villa d’Este на езерото Комо, BMW Motorrad го претстави своето најново дизајнерско ремек-дело: BMW R20 Concept…

Како што е наведено, овој мотоцикл ја слави супериорната изработка и се претставува како олицетворение на експресивен и кул дизајн, префинет до последниот детал.

Како дел од реномираната Concorso d’Eleganza Villa d’Este, позната по својата елеганција и историско значење за извонредните возила, BMW Motorrad го прикажува легендарниот Big Boxer мотор (сега 2,0 литри) како централен скулпторски елемент.

BMW R20 Concept комбинира класични дизајнерски елементи со модерни карактеристики како што се 3D печатени LED фарови.

Доаѓа со минималистичка естетика и е спој на традиција и иновација, со целосно прилагодлива суспензија Ohlins и тркала од 17 инчи.

Мотоциклот е неверојатно олицетворение на посветеноста на BMW и на наследството и на врвната технологија.

Маркус Флаш (Markus Flasch), шеф на BMW Motorrad, го опишува концептот на следниов начин: „BMW R20 Concept е механичко ремек-дело, со Big Boxer во центарот. Очигледно во потполност креација на BMW Motorrad“.





НАЈНОВИ