Buick Electra L Concept и Buick Electra LT Concept

На саемот за автомобили во Пекинг, Buick претставува две нови концептни возила на кинеската јавност, навестувајќи ги идните сериски модели за пазарот во Кина…

Треба да се напомене дека најголемиот пазар на Buick е токму Кина. Минатата година таму беа продадени над 517.000 возила на Buick, во споредба со само 167.030 автомобили во САД.

Electra L е електричен седан кој нуди луксузен ентериер со уникатни карактеристики, додека Electra LT е издигната караван верзија со авантуристички карактер.

Двата концепта се изградени на платформата GM Ultium, со еден електричен мотор поставен назад и со моќ од 255 kW/347 КС.

Buick наведува и дека досегот е над 700 km според CLTC стандардите, но капацитетот на батериите не е објавен.

Што се однесува до димензиите, Electra L Concept е долг 5036 mm и меѓу – оскино растојание од 3000 mm.

Концептот Electra LT исто така располага со дискретни браници, тркала „титаниумски метални оклопи“ (Titanium metal armor) и аеродинамична покривна кутија што може да носи скии, штици за сурфање, велосипеди и друга опрема.

Исто така, има адаптивна воздушна суспензија што може да го зголеми растојанието од земјата до 40 mm.

Внатре има четири индивидуални седишта и контролна табла која располага со лебдечка, малку закривена дигитална пилотска кабина, комплетна со панорамски head-up дисплеј.

Покрај тоа, екранот на патникот дискретно се повлекува во преградата кога не се користи. Уште една интересна карактеристика е масичката за чај во задната централна конзола, која им овозможува на патниците да уживаат во шолја чај додека се во движење.

Панорамски покрив со светлосен сензор, дифузер за мирис и инфозабава поддржани од вештачка интелигенција се исто така дел од опремата.

Засега не е познато кога би можеле да се појават сериските модели, но SAIC-GM ќе се погрижи за нивното производство во Кина.





НАЈНОВИ