Chery Fulwin E06 & Fulwin A9

Chery неодамна на саемот за автомобили во Пекинг најави уште два нови модели од своето семејство Fulwin, а тоа се crossover моделот Fulwin E06 и седан изведбата Fulwin A9….

Ова се сè уште модели од пред серијата, но барем еден од нив ќе влезе во сериско производство подоцна оваа година.

Fulwin E06 е долг 4820 mm, широк 1920 mm, висок 1685 mm и има растојание помеѓу оските од 2920 mm.

Во кабината има посебни екрани за инструмент таблата и мултимедијалниот систем, како и волан со два краци и два безжични полначи.

Chery засега не дава детали, но серискиот модел би требало да биде достапен како хибриден и целосно електричен автомобил.

Што се однесува до Fulwin A9, Chery засега не ги открива техничките детали или внатрешноста на автомобилот.

Познато е само дека серискиот модел ќе биде поголем од моделот Chery Arrizo 8/Fulwin A8.

Fulwin A9 ќе се нуди со хибриден погон, но повеќе информации за тоа допрва следуваат.

 





НАЈНОВИ