Dongfeng eπ 007

Подбрендот на електрични возила на Dongfeng, eπ, официјално го лансираше својот eπ 007 седан во претпродажба минатата недела по цена од 22.100  мерикански долари, достапен во целосно електрични и во верзија со продолжен опсег што надминува 1.200 km со едно полнење на бтериите…

Не сите Кинези се успешни како BYD, Chery, Geely или MG. Брендот Dongfeng има променлив бизнис синусоида, па на секој начин се обидува да го фати возот на успешните кинески брендови и да го стабилизира бизнисот.

Еден од потезите е лансирањето на новиот под бренд наречен „eπ“ (e-electro; π-математичка константа pi; e“ и „π“ се залагаат за создавање бескрајни можности за искуства со патувањето на клиентите) со интеграција на батеријата од новата ера технологија и интересни средства.

Позициониран во сегментот од високата средна класа, овој автомобил е долг 4,88 метри, додека растојание помеѓу оскинте е 2,91 m. Dongfeng eπ 007 го има веќе видениот карактеристичен дизајн на „кинески“ спортски седан со преден дел во облик на клин, но тој крие други предности. Имено, 007 како купе автомобил користи врати без рамка со скриени рачки, а одзади е вградено електрично крило кое автоматски се крева и спушта во зависност од брзината на возилото, со што коефициентот на отпор е до вредност на шампионите во автомобилската индустрија. (Mercedes EQS и Hyundai Ioniq6) од 0,209 Cd. Она што ќе биде интересно за купувачите е што се достапни и опционални врати во стилот на Lambo, со кои 007 сака да донесе интересен адут во мејнстрим класата на купе-лимузини во која предничат Tesla Model 3 и BYD Seal.

Внатрешноста има двобојна шема со минимален број физички копчиња. Воланот со две краци е поврзан со 8,8-инчен превртен LCD инструмент табла и голем 15,6-инчен централен контролен екран кој се напојува со вграден чип Qualcomm Snapdragon 8155.

Во однос на безбедноста, сите модели се опремени со напредниот систем за помош при возење eπ PILOT, кој работи преку 31 сензор. Системот поддржува паркирање со меморија, паркирање и возење со далечински управувач со помош на препознатливи системи кои вклучуваат препознавање сообраќајни знаци, чување лента, предупредување за можен судир итн.

Внатрешноста доаѓа со седишта за масажа со осум точки, систем за само со мирис освежување на внатрешноста , амбиентално осветлување со 64 бои, аудио систем со 20 звучници, 50W безжично полнење на телефонот и влез во автомобилот со технологија за препознавање лице.

Dongfeng eπ 007 е достапен со заден или погон на сите тркала, во чисто електрични (EV) и верзии за продолжување на опсегот (EREV).

За моделите EV, достапни се две батерии со капацитет од 56,8 и 70,2 kWh, кои користат катоден материјал во соединението литиум-железо-фосфат. Моделите EV, во зависност од верзијата, можат да развијат 218 или 272 КС, а во зависност од спецификацијата можат да имаат и автономија помеѓу 530 и 640 km.

Верзијата EREV е придвижувана од електричен мотор со 218 КС, придвижуван од 1,5-литарски бензински мотор, чија моќност засега не е позната. Оваа верзија користи помала батерија од 28,39 kWh, што овозможува домет од 200 km на електрична енергија.

Сепак, иако не е класичен хибрид, моќта на овој погонски агрегат е во синергијата на бензинскиот и електромоторот, така што оваа верзија надминува 1.200 километри со едно полнење.





НАЈНОВИ