Почетна Технологија Доцни роботак...

Доцни роботакси на Теslа

328

Ова не се многу добри времиња за Теslа, a проблемите и лошите вести просто се нижт…

Времето на брз раст на акциите заврши, инвеститорите се се понервозни поради стагнацијата на продажбата на нови возила, а на производителот на електрични автомобили итно му е потребен нов проект, со кој би започнало развојното и маркетиншко тркало.

Сега во приказната влегува помпезно најавуваното роботакси, но и тој проект не е без породилни маки.

Теslа сега го одложи откривањето на својата роботакси возил (закажано за 8 август) до октомври. Илон Маск (Elon Musc) инвестира сè во проектот за автономно такси, според специјализираните медиуми.

Теslа ги известила своите вработени за доцнењето на проектот преку внатрешна комуникација, пренесува Bloomberg.

На производителот му треба повеќе време за да создаде прототип единици што претходат на сериското производство.

Само времето ќе покаже дали робот-таксито навистина ќе започне во октомври и дали може повторно да се одложи.

На директорот Илон Маск не му се непознати ветувањата што не ги исполнил во целост.

На пример, оној за автономното возење.