Electric Hispano Suiza Sagrera најавена за 13 јуни

Hispano Suiza претходно најави дека во јуни ќе ја прослави својата 120-годишнина со откривање на нов хиперавтомобил, а сега потврди дека тоа ќе се случи на 13 јуни…

Станува збор за електричниот Hispano Suiza Sagrera (именуван по квартот „La Sagrera“ во Барселона), кој всушност ќе биде „еволуција“ на моделот Carmen. Сепак, Sagrera нема да го замени тој автомобил бидејќи компанијата вели дека Sagrera ќе ја комплетира нивната гама, придружувајќи се на Carmen со 1020 КС и Кармен Булоњ (Carmen Boulogne) со 1115 КС.

Засега е познато само дека Sagrera ќе добие батерија од 103 kWh.

Hispano Suiza, исто така, посочува „важна еволуција во однос на аеродинамиката“, како и дека „ Sagrera е создадена за да ја одржи легендата во живот, подигајќи ги перформансите, спортскиот стил и страста за луксуз на сосема ново ниво“.

Претходно објавеното тизер видео се фокусира на големото задно крило, изработено од карбонски влакна, кое има и златни акценти на профилот.

Извршниот директор на Hispano Suiza, Серхио Мартинез Кампос (Serhio Martinez Kampos), додава дека автомобилот „ги поставува темелите за дизајнерската линија што марката ќе ја следи во наредните години“. Сè уште не можам да откријам премногу детали, но Sagrera е тука да продолжи да ги исполнува желбите на нашите клиенти: тие од нас побараа ваков автомобил и да продолжиме да бидеме единствени“.





НАЈНОВИ