Тоyotа подготвува нешто големо

Никој, во моментов не знае што точно е тоа, односно за што станува збор иако провевуваат шпекулавии, но се ќе се знае, најверојатно, за неколку дена…

Кога Тоyotа подготвува нешто, секогаш е големо и го привлекува вниманието на целиот свет. Сега побара помош од две кинески компании да развијат нов систем за помош на возачот (ADS). Од една страна, ја вклучува големата IТ групација Huawei, која развива софтвер, а од друга, стартапот Momenta од Пекинг, кој обезбедува хардвер за нови автомобили. Ова доаѓа од написот на кинескиот портал Tencent News.

Според информативните агнции од регионот, деталите за функционалноста на новиот ADS засега се непознати. Засега знаеме само дека се работи за производ кој ќе биде дизајниран за светскиот пазар на автомобили.

Сепак, индустриите во кои се активни партнерите на Toyota зборуваат многу јасно за тоа каде веројатно ќе оди развојот на патот. Momenta е млада компанија специјализирана во областа на автономното возење. Huawei, пак, важи за еден од најголемите производители на телекомуникациска технологија.

Двете компании развиваат технологии кои веројатно ќе бидат клучни за производството на самоуправувачки автомобили.

Досега, барем колку што е познато, Toyota не била особено заинтересирана за оваа технологија, па тоа што сака да го фати приклучокот би бил сензационален. Сепак, ова е сè уште чиста шпекулација во овој момент.

Повеќе детали ќе бидат објавени наскоро. Како што пишува понатаму весникот, Toyota најверојатно ќе го претстави проектот на кинеската меѓународна автомобилска изложба во Пекинг, која ќе започне на 25 април.





НАЈНОВИ