Почетна Актуелно Електричниот ...

Електричниот Porsche Boxster до „стотка“ за помалку од три секунди: Премиерата на повидок

4

Porsche го привршува развојот на целосно електричниот Porsche Boxster, кој треба да биде официјално претставен најдоцна во првиот квартал на 2027 година, пренесува B92. Новиот модел ќе биде достапен исклучиво со електричен погон.

Иако електричните спортски автомобили сѐ уште немаат масовно влијание на пазарот, германскиот производител одлучи за овој модел да развие сосема нова платформа. Од компанијата најавуваат дека Boxster ќе ги задржи препознатливите возачки карактеристики на своите претходници, збогатени со напредна технологија преземена од легендарниот 911.

Технологија од 911 и перформанси под 3 секунди
Меѓу најавените технички решенија се истакнуваат:

Систем за управување заснован на моделот 911 Carrera GTS

Електронски контролиран диференцијал со ограничено пролизгување

Управување на задните тркала

Симулиран седумстепен менувач со двојна спојка

Посилните изведби на електричниот Boxster треба да забрзуваат од 0 до 100 км/ч за помалку од три секунди. Возилото ќе има погон на задните тркала, додека Porsche сѐ уште нема објавено официјални податоци за капацитетот на батеријата и автономијата со едно полнење.

2,5 милиони километри тестирања
Од Porsche соопштуваат дека прототиповите веќе имаат минато околу 2,5 милиони километри тест-возења низ 20 земји. Испробувањата опфаќале возење во услови на екстремно ниски и високи температури, како и детални проверки на системите за полнење во различни климатски и патни услови.

Засега сѐ уште не е познато кога точно ќе пристигне и електричниот Cayman, кој исто така ќе биде дел од новата генерација спортски автомобили на Porsche.