Fiat 500 Spiaggina Carrozzeria Boano продаден за 370.000 евра

Мал Fiat 500 со отсечен покрив и без врати е продаден на аукцијата на RM Sotheby’s во Париз за 370.000 евра.

Целосното име на моделот е Fiat 500 Spiaggina Carrozzeria Boano. Со овие спецификации се произведени само две возила, а ова е единствениот преживеан.

Spiaggina Carrozzeria Boano го започна трендот на автомобили на плажа уште во далечната 1958 година, така што неговата историска улога е уште позначајна, пишуваат специјализираните портали.

Шефот на Fiat, Џани Ањели, идејата за редизајнот му ја дал на Марио Боано од Carrozzeria Ghia. Овој примерок лично го користел Ањели за време на неговиот одмор на француската ривиера. Вториот примерок го доби грчкиот милијардер Аристотел Оназис.

Сепак, тој автомобил бил отпишан по несреќата. Fiat 500 Spiaggina Carrozzeria Boano ги красеше страниците на списанијата ширум светот во 1960-тите години, а Ањели го користеше само во специјални прилики, најмногу за превоз на познати патници до прекрасната Вила Леополда во Vilefranse-sur-Mer, Франција.

Меѓу нив беа Хенри Кисинџер, Кенеди, семејството Оназис и секако членови на семејството Ањели.

Шасијата на моделот Fiat Nuova 500 е значително изменета, не само за естетски цели, туку и за да се создаде повеќе простор. Надворешноста на автомобилот е изработена во две бои. Автомобилот на плажа е опремен со мотор од моделот Fiat Nuova 500 на кој се базира.

Моторот во конфигурација од два цилиндра, има работна зафатнина од  479 кубни сантиметри, а испорачува моќ од 15 КС, ослободени  при 4000 вртежи во минута.

Моторот е поврзан со мануелен менувач со четири (4 ) брзини, а погонот е на задните тркала. А секако, треба да се истакне дела колата е во одлична состојба.





НАЈНОВИ